Monday, May 19, 2014

МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ Ц-КЛАСА 2014 Новата ц-класа - помалку килограми, повеќе Мерцедес

Мерцедес-бенц конечно ја покажа својата нова ц-класа, која е доволно порасната за да се разликува од популарниот цла, но во исто време е и полесна, што значи дека има подобри перформанси. Најголем ќар од поголемите димензии имаат патниците на задното седиште и багажникот, кој сега има 480 литри.



И покрај тоа што е поголем, новиот седан на Мерцедес е полесен цели 100 килограми, благодарение на интелигентното користење на лесни и цврсти материјали. Најголем дел од килограмите се изгубени благодарение на алуминиумската хибридна шасија, која е цели 70 килограми полесна од конвенционалната челична конструкција. Учеството на алуминиумот во шасијата на ц-класата пораснала од скромни 10 отсто во претходниот модел, до речиси 50 отсто во новиот.
Како резултат на „слабеењето“, потрошувачката на гориво е намалена за 20 отсто, а подобрено е и управувањето, благодарение на пониската точка на гравитација.
Што се однесува до дизајнот, кај ц-класата нема изненадувања. Новиот модел е претставник на новиот дизајнерски правец на марката и ќе ви биде простено доколку на фотографиите ви личи на с-класата: целиот екстериер личи на намалена верзија на најголемиот седан на Мерцедес – дури и предните и задните светла се речиси идентични.
Во внатрешноста, инструментите повеќе личат на тие во моделот цла отколку на с-класата, додека Мерцедес го истакнува квалитетот на материјалите и врвното ниво на изработка „кое ретко се сретнува дури и во возила од повисоки класи“. Новата централна конзола е прилично масивна и се протега од отворите за вентилација сѐ до средишниот потпирач. Централно поставениот дисплеј е голем 7 инчи, но доколку го изберете поскапиот мултимедијален пакет ќе добиете цели 8,4 инчи. Целата инструмент табла е изработена од кожа и дрво (нормално, ќе има и попластична верзија за пазари како нашиот), а контраст даваат металните отвори на вентилацијата и разно-разните копчиња.

На почетокот, ц-класата во Европа ќе може да се купи со три мотори: една дизел верзија (ц220 блутек) и две бензински (ц180 и ц200).


No comments:

Post a Comment